По педесет милиони евра во кредити ќе користи Македонија годишно од Светската банка. Парите се за буџетска поддршка и за капитални проекти. Институцијата помага во развој на стратегија за борба против огромната сиромаштија во земјава. Висок претставник на Светската банка во Скопје на терен ги разгледуваше спроведените реформи, за што на владина адреса стасаа и пофалби. Предвидени се средства како буџетска поддршка оваа година, предвидени се средства за регионалниот проект за осигурување од природни непогоди и други катастрофи и предвидена е поддршка за реализација на проект во енергетскиот сектор. Фокусот на нашата програма е токму тоа, како да се намали сиромаштијата и како да се овозможи средина која што ќе поттикне намалување на сиромаштијата. Тоа се прави со тоа што ќе се креираат нови работни места, затоа што сите сакаат да работат и да имаат некоја работа, бидејќи на тој начин се издржуваат понатаму.
По педесет милиони евра во кредити ќе користи Македонија годишно од Светската банка. Парите се за буџетска поддршка и за капитални проекти.
Институцијата помага во развој на стратегија за борба против огромната сиромаштија во земјава.
Висок претставник на Светската банка во Скопје на терен ги разгледуваше спроведените реформи, за што на владина адреса стасаа и пофалби.
„Предвидени се средства како буџетска поддршка оваа година, предвидени се средства за регионалниот проект за осигурување од природни непогоди и други катастрофи и предвидена е поддршка за реализација на проект во енергетскиот сектор“, изјави Зоран Ставревски, министер за финансии.
„Фокусот на нашата програма е токму тоа, како да се намали сиромаштијата и како да се овозможи средина која што ќе поттикне намалување на сиромаштијата. Тоа се прави со тоа што ќе се креираат нови работни места, затоа што сите сакаат да работат и да имаат некоја работа, бидејќи на тој начин се издржуваат понатаму“, вели Нгози Оконџо - Ивеала, управен директор на Светска банка.